Tеатарот “Скрб и утеха“ ги одржа традиционалните “27 Армакедонски слави”

Вчера во “Спомен куќа на мајка Тереза” во Скопје, театарот “Скрб и утеха“ ги одржа традиционалните “27. Армакедонски слави“. Премиерно беше изведена драмата “Патот“ во изведба на актерите Страшко Милошевски и Тихомир Стојановски, а пред публиката се промовира втората книга на почесниот претседател на Омо “Илинден”-Пирин, Стојан Георгиев, е македонски национален деец од Пиринскиот дел на Македонија, борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија кој помина 8 години по бугарските зандани. Со оваа книга се отвораат сознанија за Макединците во Пиринска Македонија и за партијата на Македонците во Бугарија Омо “Илинден”-Пирин.

Театарот “Скрб и утеха“организира 27- ми по ред „Армакедонски слави“ каде се обединува македонската култура од Македонскиот полуостров за слава на Бог Отецот и во име на Исуса Христа.

Advertisement