Тензично во Тирана: Демонстранти фрлаат молотови коктели врз полицијата (ВИДЕО)

Foto: Top Chnnel

Во Тирана денеска продолжија протестите, повторно со судири меѓу демонстрантите и полицијата. Толпата фрлаше камења и молотови коктели кон полицијата, додека безбедносните сили употребија големи количини солзавец, а демонстрантите ја запалија влезната врата на Министерството за животна средина, јавуваат албанските медиуми.

Пожарот на вратата на Министерството беше набрзо изгаснат, додека пламен се појави и на прозорецот на истата зграда.

Демонстрантите фрлаа молотови коктели врз полицајците за време на протестот. Еден полицаец се запали, а неговите колеги веднаш истрчаа да му помогнат и да го изгаснат пожарот, јавува Топ ченел. За време на фрлањето молотови коктели, јакната на еден млад човек се запали, но и тој успеа самиот да го изгасне пожарот.

Инцидентот се случил додека протестите продолжуваа во атмосфера на тензија и конфликт, со фрлање пиротехнички средства и употреба на солзавец.