Во средата, околу 17 часот во областа Голобрдо, во близина на селото Требиште се случи тешка сообраќајна несреќа. Имено, возило во кое имало два патника, излетало од коловозот и паднало неколку метри под коловозот. На местото на несреќата животот го загубил малолетникот Ф.П., 17 години. На вториот патник Е.Т., кој се здобил со тешки повреди, укажана му е лекарска помош во болница. На местото на несреќата излегла, истражната група која започнала истрагата за откривање на причините за несреќата.
Advertisement