Трибина во Мала Преспа на тема “Еколошки криминал” во организација на ОБСЕ

Собраниска парламентарната комисија за “Производствени активности, трговија и животна средина” предводена од претседателот Едуард Шалси, во соработка со канцеларијата на ОБСЕ во Тирана и WWF Adria Nature одржаа трибин во село Зрноско, Мала Преспа на многу чувствителна и важна тема “Еколошки криминал”.

Присутни беа преставници на граѓанското општество, членови на Меѓуагенциската група против еколошки криминал и членови на Комитетот за национална безбедност и Комисијата за продуктивни активности, трговија и животна средина и амбасадорот на канцеларијата на ОБСЕ во Тирана Бенард Борхарт.

На трибината беа презентирани законски иницијативи, кои беа подготвени и ке бидат предложени до Собранието. Амбасадорот на канцеларијата на ОБСЕ во Тирана Борхарт истакна е потребата за рамнотежа помеѓу развојот на туризмот и заштитата на природата.

Advertisement