Триумф на македонските ракометари на гостувањето кај Швајцарија

Црвено жолтите попладнево на гостувањето во Шафхаузен го совлада домаќинот Швајцарија со 25-23 и обезбедија важен триумф во битката за второто место во групата кое води на Еврошампионатот во 2022. Одличната игра во одбрана на нашиот национален тим беше клучна за успехот на денешниот меч.

По израмнетото прво полувреме во ист ритам двете селекции продолжија и во вториот дел. Швајцарците во еден момент направија и предност од 3 голови но потоа следуваше наша серија од 4-0 во голови со што го најавивме конечниот триумф на деншниот натпревар. Нашиот капитен Кире Лазаров повторно беше прв стрелец во редовите на црвено жолтите со шест погодоци, пет постигна Стоилов, а по четири постигнаа Георгиевски и Кузмановски Со оваа победа Македонија направи голм исчекор кон пласманот на ЕП во 2022.

Advertisement