Ципрас пред пратениците зборуваше и за македонското прашање во Егејска Македонија

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас во синоќешниот речиси двочасовен говор во грчкиот Парламент за првпат ва политичкиот живот во соседна Грција ги спомна Македонците во егејска Македонија, нивниот прогон борбата на македонските комунисти.

 

 

,,Не сакам да ја критикувам КПГ врз основа на нејзината историја. Но ќе го споменам славомакедонскиот буквар што членовите на КПГ им го делеа во Ташкент на децата на славомакедонските борци од ДАГ. Ќе ги спомнам и 70-те илјади бегалци од Граѓанската војна, на кои грчката држава им ја ускрати репатријацијата во 1983-та. Ќе ја споменам и македонката Мирка Гинова – комунист, која беше првата жртва на граѓанската војна во Грција. За ова ве оставам да си размислите самите со себе. Со тие грижи што ги носите на совест, Ве оставам сами да се соочите“, рече Ципрас.

Говорејќи за политичките позиции на Комунистичката партија на Грција, грчкиот премиер ги анализираше нивните аргументи зошто тие се против Договорот од Преспа: првиот е НАТО, вториот- иредентизмот. Рече дека па дури и да ги прифати нивните аргументи.

Да речеме дека ќе ја прифатам целосно вашата анализа дека договорот е диктиран од Западот, од меѓународниот империјализам или не знам што друго може да замислите. Под овој меѓународен договор, земајќи ја предвид волјата на нашите соседи да влезат во НАТО, што секако е нивно прашање. Како КПГ смета дека грчката држава би можела и би требала да ја признае оваа земја? Како? Со кое име? Со кое име? Како ќе ги викаме овие луѓе Што велите? Ни велите дека терминот „Македонија“, самото нивно име е иредентизам. Или јас не го читав добро Ленин кога бев мал или вие нешто не правите како што треба, рече Ципрас во неговиот говор.

Advertisement