Црногорскиот Парламент го ратификуваше договорот за членство во НАТО

Парламентот во Црна Гора го ратификуваше пактот за членство во НАТО и покрај протестите. Законодавците кои се сретнаа во историскиот град Цетиње со 46 гласа за, а ниту еден против го ратификуваа договорот за пристапување во воената алијанса. Опозициските законодавци во Парламентот кој брои 81 пратеник го бојкотираа гласањето. Неколку стотици опозициски поддржувачи се собраа пред зградата на Парламентот во знак на протести извикувајќи „Предавници“ и „Крадци“.