Туристичката понуда на Охрид презентирана во Москва

Градоначалникот на Општина Охрид Никола Бакрачески и почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид Велимир Стојковски, во Москва ја презентира туристичката понуда за Охрид. Бакрачески, ја потенцираше и традиционалната повраност на Охрид и Охридската Архиепископија со рускиот народ и Русија.

Со видео презентации  беа прикажувани убавините на Охрид и поединости од охридската туристичка понуда. Исто така, беа остварени бројни билатерални средби помеѓу претствници на локалната самоуправа од Охрид и претставници на туристичкиот бизнис во Русија.
Бакрачески во Москва оствари работна средба со директорот на Федералната агенција за туризам на Руската Федерација, Валери Корувкин.

На средбата се разгледани можностите за соработка меѓу руските и охридските туристички работници. Субвенциите за туристи од Руската Федерација изнесуваат и до 65 евра, а се однесуваат на групи туристи кои се поголеми од 10 туристи и остваруваат минимум 3 ноќевања.  Mинатата година Македонија ја посетиле 9.000 руски државјани кои оствариле 23 500 ноќевања. Бакрачески упати отворена покана до агенцијата да испрати руски новинари во септември да го посетат Охрид.

Advertisement