Уапсен убиецот во Валона на 8 роднини (ВИДЕО)

Албанската полиција соопшти дека уапсила маж обвинет дека убил осум членови од своето семејство од засега непознати причини. Уапсен е Ридвај Зикај (24) од селото Ресулај, Валона а обвинет е дека го убил својот дедо, вујко, неговата сопруга и двата сина, како и други членови на семејството. Полицијата го пронашла и калашниковот користен за убиствата. На Зикај му се заканува доживотен затвор.

 

Advertisement