Универзитетот во Тирана ги известува сите студенти заинтересирани за изучување на македонскиот јазик

Универзитетот во Тирана ги известува сите студенти заинтересирани за изучување на македонскиот јазик ги информира студентите, припадниците на македонското национално малцинство и сите заинтересирани лица дека на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана курсевите по македонски јазик, како воннаставен предмет, почнуваат на 5 февруари и оти сè уште има простор за аплицирање.

Одлична можност за проширување на вашето портфолио во стручната наобразба и зголемување на можностите во идната кариера. Преведувањето, бизнисот, туризмот се само дел од сферите каде што постои дефицитарен кадар. Заинтересираните сè уште може да аплицираат на следниот линк:https://forms.gle/KiLa89K27ENGUm6KA стои во објавата на Универзитетот во Тирана.

Се додава дека за дополнителни информации може се обратат лично во Центарот за курсеви за странски јазици, зграда А, 1 кат, на Факултетот за странски јазици.

Наставата по македонски јазик, литература и култура ќе ја спроведува д-р Славица Свидерска, професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и тоа од понеделник до четврток од 8:30 до 16:30 и петок од 8:30 до 14 часот.

Факултетот за странски јазици наведува дека курсевите се бесплатни и се реализираат во соработка на Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана со Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, Македонија и оти на крајот на курсот, студенти ќе добијат сертификат за соодветно ниво на познавање.

Отворањето на воннаставните модули за македонски јазик, литература и култура, свечено беше означено на 18 месецов во Универзитетот во Тирана до сега се пријавени дваесеттина студенти.