Уште еден силен земјотрес од 5,1 степени во Албанија (ВИДЕО)

Нов земјотрес од 5,1 степени според Рихтер го погоди подрачјето на Драч во Албанија, што е еден од најсилните потреси во тој регион по разурнувачкиот кој однесе 40 животи.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од два километри, а забележан е на 25 километри од Драч односно 48 километри од Тирана. Засега нема информации за нови настрадани или рушење на објекти.

Потресот се случил во Јадранското море, а според првичните информации предизвикал нова загриженост и страв кај Албанците кои веќе две ноќи не спијат мирно, а илјадници престојуваат надвор од своите домови.

Во Тирана многу граѓани излегле на улица, а во Драч оштетена е болницата. Персоналот и пациентите веднаш излегле надвор, а на лице место се појавила и полиција.

 

Advertisement