Уште една награда за „Медена земја“

Кинематографите на „Медена земја“, Самир Љума и Фејми Даут се добитници на наградата за најдобра кинематографија за Документарен филм на 34 доделување на ASC наградите (The American Society of Cinematographers).

Наградата на кинематограферите им ја додели режисерот Тод Филипс кој во својата најава рече дека ова е „златно време на документарниот филм“.

Македонскиот филм „Медена земја“ е во трката за претстојните оскари во две категории: за најдобар документарен филм и за најдобар странски филм. Филмот е во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, продукцијата е на Атанас Георгиев, кој е и монтажер, а кинематографијата е на Фејми Даут и Самир Љума.

Advertisement