Утре голем протест на опозицијата во Албанија

 

Лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша, денеска пред демонстрантите најави голем протест на за утре. Тоа ќе биде најголемиот протест од времето кога Албанците раскрстија со комунизмот. Тој ќе го означи почетокот на „Новата република“, бидејќи целата нација ќе се собере за да бара слободни и фер избори – рече Баша.

Протестот е најавен како мирен, а за редот ќе се грижат околу 2.000 полицајци, меѓу кои и специјалци. Некои медиуми објавија дека утрешниот протест ќе значи и завршница на непрекинатото речиси тримесечно протестирање пред канцеларијата на Еди Рама и Демократската партија ќе почне масовна кампања во која ќе ги убедува граѓаните да ги бојкотираат изборите.

Advertisement