Утре парламентарни избори во Албанија

Tри ипол милиони луѓе со право на глас, според Централната изборна комисија (ЦИК), ќе гласаат за избор на новиот состав на Парламентот, а главната битка ќе ја водат трите најголеми политички партии: Социјалистичката, Демократската и Движењето за социјалистичка интеграција (ЛСИ), кои синоќа ги одржаа завршните изборни митинзи. Во пресрет на утрешните парламентарни избори денеска е предизборен молк во Албанија.

На овје парламентарните избори во  Албанија што ќе се одржат утре, ке биде и Васил Стерјовски кандидат на Македонската партија во коалиција со Социјалистичкото движење за интеграција на актуелниот претседател на Република Албанија, Илир Мета.

Advertisement