Васил Јанкула дел на зимски камп на Маврово – лица со попреченост скијаат со адаптивна опрема

Скијањето со помош на адаптивна опрема е практика во развиените земји, а сега е достапна и кај нас, велат од Здружението „Рекреакција“, кое на Маврово од 25 до 27 јануари организира зимски камп за лица со интелектуална и физичка попреченост.

„Оваа адаптивна опрема дозволува лицата со попреченост да уживаат во снежните спортови, но и да се подготвуваат за спортски резултати“, потенцираат од „Рекреација“.

Според здружението, на кампот се учат и увежбуваат техники за скијање во ситски за лица со параплегија, квадриплегија и церебрална парализа и скијање во стоечка положба за лица со останати попречености.

„Обуката се организира во рамки на проектот ‘Спорт за сите’, кој се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD), финансирана од страна на Европската унијa, а спроведувата од Програмата за развој на Обединетите нации. Во проектот како ко-финансиер со свои средства учествува и Општина Ресен“, соопштува Здружението за адаптивна спортови и рекреација.

Advertisement