Tag Archives: Васил Јанкула

Васил Јанкула Македонец од Мала Преспа подели пакетчиња во Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид “Димитар Влахов” во Скопје

Македонскиот и преспанскиот херој Васил Јанкула подели пакетчиња во Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид “Димитар Влахов” во Скопје Васил Јанкула прокоментира: Кога ќе сретнеш некој да неможе да оди, подај му ја раката. Со помош на твојата рака ќе прооди. Кога ќе сретнеш човек да не гледа, примеси му го светотво дланките со зборови. Опиши му се што има околку него, така ќе прогледи. ...

Read More »

Преспанскиот Херој Васил Јанкула заминува на својата втора операција благодарение на Моме Кинг и Беговата Армија

Триесет годишниот Васил Јанкула, попознат како преспанскиот херој, утре заминува на втора операција  во Србија, благодарение на хуманоста на неговите другари што ги запознал преку тикток.  Нема кој не чул за преспанскиот херој, кој со трицикл во мај 2019 направи кружна тура од 800 километри околу државава, за една седмица,  со цел да докаже дека сите сме исти, дека лицата со попреченост ...

Read More »

Македонско друштво „Илинден“-Тирана апелира за помош за операција на Васил Јанкула, преспанскиот херој 

Вклучувајќи се во акцијата, Македонско друштво „Илинден“-Тирана, упати апел секој кој колку може да донира средства за операција на Васил Јанкула, кој поради неговата храброст и покрај болеста, познат е како преспански херој. Васил Јанкула (29), Македонец од Албанија роден е во селото Туминец, Мала Преспа. Боледува од церебрална парализа поради породилна траума по време на породувањето и од таму ...

Read More »

Јанкула: После кризата да ги изнесеме надвор лицата со посебни потреби, карантинот на сите ни покажа колку е тежок (ВИДЕО)

Ако граѓаните дури сега поради пандемијата на корона вирусот увидоа што значи да се живее во карантин, колку е тешко да не се излегува по 24 часа од дома и како сето тоа влијае и врз нивната психичка состојба, за најголемиот дел од лицата со посебни потреби во Македонија, ова е секојдневие, вели „Преспанскиот херој“, Васил Јанкула, кој стана познат ...

Read More »

Васил Јанкула стана дел од тимот на општина Ресен

Васил Јанкула роден во 1991 година во селото Туминец, Мала Преспа, лице со церебрална парализа започна голем подвиг стана дел од тимот на Општина Ресен. Градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски имаше средба со преспански херој Васил Јанкула. Јанкула е ангажиран за помагање во организирање на спортски натпревари за хендикепирани лица и лица со посебни потреби, а со неговите познавања ...

Read More »

Васил Јанкула дел на зимски камп на Маврово – лица со попреченост скијаат со адаптивна опрема

Скијањето со помош на адаптивна опрема е практика во развиените земји, а сега е достапна и кај нас, велат од Здружението „Рекреакција“, кое на Маврово од 25 до 27 јануари организира зимски камп за лица со интелектуална и физичка попреченост. „Оваа адаптивна опрема дозволува лицата со попреченост да уживаат во снежните спортови, но и да се подготвуваат за спортски резултати“, ...

Read More »

Сторија од серијалот „Еден мој ден“ со Васил Јанкула

Среќни сме што ја објавуваме 19та сторија од серијалот „Еден мој ден“, која специјално за ПРКОС ја напиша преспанскиот херој Васил Јанкула. Мојот ден го започнувам со будење во период меѓу 9 и 10 часот, бидејќи не сум вработен, немам обврска да станам порано. Утрото е проследено со музика зошто таа ми дава енергија и позитивна мисла. Едноставно, и покрај ...

Read More »

Васил Јанкула го заобиколи Охридското езеро со трицикл продолжува да ги урива сите бариери (ВИДЕО)

„Преспанскиот херој“, Васил Јанкула продолжува да ги урива сите бариери. По кој знае кој пат вчера повторно докажа дека буквално „Сите сме исти“, што е и негово животно мото. За само еден ден со својот трицикл,иако лице со церебрална парализа, тој го заобиколи Охридското езеро, тргнувајќи од Билјани извори, преку Струга, Ќафасан, Лин во Албанија, Поградец, Свети Наум, Пештани и ...

Read More »

Васил Јанкула “Преспанскиот херој“ лета со параглајдер, вози мотор на 4 тркала секој ден докажува дека „Сите сме исти“(ВИДЕО)

Васил Јанкула, Македонец од Мала Преспа, лице со церебрална парализа, кој го доби името „Преспанскиот херој“, откако со својот трицикл за 7 дена ја обиколи цела Западна Македонија продолжува да го остварува својот сон и да докажува дека „Сите сме исти“. За само кратко време после својот голем подвиг, тој ја отвори велосипедската манифестација „Алшар“ во Кавадарци, леташе до параглајдер ...

Read More »

Васил Јанкула, лице со церебрална парализа со трицикл тргна во обиколка на Македонија

Васил Јанкула роден во 1991 година во селото Туминец, Мала Преспа, лице со церебрална парализа денеска започна голем подвиг. Имено тој со трицикл реши да ја обиколи државата. Според Јанкула се одлучил на овој подвиг со цел да помогне во подигнување на свеста кај лицата со посебни потреби. Тој е категоричен дека тие не треба да седат дома, туку да ...

Read More »