
Македонскиот и преспанскиот херој Васил Јанкула подели пакетчиња во Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид “Димитар Влахов” во Скопје
Васил Јанкула прокоментира: Кога ќе сретнеш некој да неможе да оди, подај му ја раката. Со помош на твојата рака ќе прооди. Кога ќе сретнеш човек да не гледа, примеси му го светотво дланките со зборови. Опиши му се што има околку него, така ќе прогледи. Денес како да им го дадов светот на дланка на децата од Државното Училиште за деца и младинци со оштетен вид “Димитар Влахов” од Скопје. Ја отворија мојата душа, ми ја стоплија со толку многу љубов. Ги проголтував солзите од радост, несакав да ги покажам. И јас сум дел од нив, делиме слична судбина. Паѓаме, но за брзо стануваме и сме поцврсти од карпи. Понекогаш мислиме колку што ние имаме љубов за сите, ќе ни биде со иста мера возвратена. Ама суров е животот, кога ќе ни го завртат грбот.
Благодарност до директорот и до сите вработени во ова училиште што овој ден ми го направија незаборавен. Благодарност до сите вас кои дониравте за децата. Заедно со Иднина на Традицијата израдувавме 50 деца и 50 желби до сите вас.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden