Васил Јанкула “Преспанскиот херој“ лета со параглајдер, вози мотор на 4 тркала секој ден докажува дека „Сите сме исти“(ВИДЕО)

Васил Јанкула, Македонец од Мала Преспа, лице со церебрална парализа, кој го доби името „Преспанскиот херој“, откако со својот трицикл за 7 дена ја обиколи цела Западна Македонија продолжува да го остварува својот сон и да докажува дека „Сите сме исти“.

За само кратко време после својот голем подвиг, тој ја отвори велосипедската манифестација „Алшар“ во Кавадарци, леташе до параглајдер над Охридското езеро и се возеше со АТВ или мотор со 4 тркала.

Погледнете го видеото со кое Васил уште еднаш порачува дека општеството треба да има поголема грижа кон лицата со посебни потреби, а тие пак да не се затвораат во себе, да излезат од своите домови и да го прават тоа што најдобро знаат затоа што „Сите сме исти“./www.infokompas.com.mk