Васил Стерјовски меѓу најактивните пратеници во албанското Собрание

Пратеникот во албанскиот парламент од редовите на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски е еден од најактивните пратеници во албанскиот законодавен дом во периодот септември-декември 2019 година. Ова се наведува во последнот извештај на Институтот за политички студии (ИПС), во Албанија, кој со подршка на холандската амбасада ја мониторира работата на парламентот. Како што се наведува во извештајот Институтот за политички студии (ИПС) веќе воспоставил систем на класификација на нивото на ефективност на пратениците, систем кој ја проценува употребата на сите парламентарни механизми и алатки од страна на пратениците, професионалното ниво и ангажирањето на пратениците во сите форми на парламентарна активност.

Класификацијата на пратениците на конечното рангирања се одразува на целокупниот развој на настаните во Собранието, каде новите пратеници кои дојдоа во парламентот во 2019 година се обидоа да бидат многу поактивни во дебатите на пленарните сесии и комисиите, и максимално да ги искористат правата на пратениците за интерпелација, барања за информации, правни предлози итн,стои во извештајот. На списокот на 22-те најактивни и најефикасни пратеници во парламентот освен Стерјовски се вбројуваат и новите пратеници Ралф Ѓони, Костаќ Папа, Енвер Роши, Халит Валтери, Зеф Штјефни, Нимит Мусај и Едлира Хисени.

Пратениците кои не членуваат во ниту една група, немаат организација и претставуваат различни политички движења лево и десно. Сепак, во вкупното рангирање како категорија надвор од парламентарните групи, излегува дека најефикасни пратеници за време на минатата парламентарна сезона биле Артур Роши, Васил Стерјовски и Анди Пермети. Тие преземале правни иницијативи, од кои имало најмалку една интерпелација, тие биле многу активни во парламентарните расправи и во дебатата на комисиите,констатра ИПС. За прв пат, Институтот одлучил да направи додаток во процесот на мониторирање на парламентот ставајќи ги на споредување податоците за финансиските придобивки на пратениците со нивното рангирање врз основа на нивото на ефикасност за време на парламентарната активност.

Најважниот наод е дека најдобро платените пратеници не се ефективни пратеници во билансот на парламентарната активност. Пратеникот со најголем финансиски приход од парламентарна активност, во периодот септември-декември 2019 година немал ниту една дискусија на 13-те пленарни седници на Собранието. Исто така, мнозинството од 30-те најплатени пратеници не припаѓаат на 30-те најактвни пратеници во овој период, ниту на најистакнатите пратеници во парламентарни иницијативи, комисиски расправи или дебати на пленарни сесии. Има добро платени пратеници кои обично правеле наслови во јавноста и во медиумите не за политика туку за скандали и проблеми со законот,стои во извештајот. Најдобро рангирани пратеници на листата за најактивни пратеници во однос на финасиските приходи се Артур Роши, Халит Валтери, Васил Стерјовски, Костаќ Папа, Ралф Ѓони и Зеф Штјефни. Еден од механизмите што им се достапни на пратениците е нивното право да бараат информации од различни институции, како и да се решат прашања или барања до институции врз основа на нивната одговорност како законодавци. Традиционално ова право го оствариле само мал број пратеници, главно пратеници кои имаат соодветна обука за парламентарна активност и кои споделуваат различни грижи со изборните единици.

Рекорд со барања држат искусните пратеници Ермонела Фелај и Антонета Дима, како и новиот пратеник Васил Стерјовски. Заедно, тие сочинуваат 62 отсто од вкупните барања за информации и препораки.- наведува Институтот за политички студии. Исто така, албанската телевизја АБЦ Нуз во прилогот посветен на официјалните барања на пратениците како еден од механизмите за парламентарна контрола потенцира дека ”Меѓу новите пратеници се истакнува Васил Стерјовски. Тој го преставува македонското малцинство и има испратено повеќе барања за снабдување со елетрична енергија на општина Пустец, вода за пиење, образование на македонски јазик за малцинството идр.” Васил Стерјовски во собранското столче седна на 16 мај 2019 година, со што стана прв пратеник во плурална Албанија кој доаѓа од македонска партија, но и воопшто како пратеник кој јавно се декларира како Македонец. Веднаш потоа беше избран за член на парламентарната комисија за надворешна политика. Во албанското Собрание настапува како независен пратеник преставувајќи ја пратијата Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ.

Горд сум што сум пратеник во Собранието на Република Албанија, за првпат во нејзината историја, од регистрирана Македонска партија, рече меѓу другото во своето прво обраќање во албанскиот парламент Васил Стерјовски, кој со давањето заклетва од 16 мај е дел од законодавниот дом. Кажа дека единствената македонска партија во Република Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција, која покрај другите политички партии, се грижи за сите, меѓу нив и за унапредување на положбата и правата на Македонската заедница во албанското мултикултурно, мултијазично и мултиконфесионално општество.

Македонците од Албанија, им се придружија на албанските партизани во Втората светска војна и помогнаа во ослободувањето на Албанија од фашизмот и станаа важен дел од оваа земја. Затоа и ние Македонците, заедно со Албанците, Грците, Власите, Ромите, Еѓиптјаните, Србите, Црногорците, Бошњаците, се чуствуваме рамноправни со рамноправните пред Уставот и законите,рече Стерјовски. Изрази посебна благодарност до Собранието на Република Албанија кое во 2013 година ја врати македонската топонимија на општина Пустец и нејзините девет села.

Македонската заедница во Република Албанија не се само Македонците во општина Пустец и селото Врбник во областа на Девол. Македонците во Албанија живеат во педесетина села долж албанско-македонската граница, во областите Мала Преспа во округот на Корча, Голо Брдо во округот Пешкопеја и Гора во округот Кукс, како и во градовите Тирана, Елбасан, Драч, Корча, Билишта, Подградец, Кукс, и други места,нагласи Стерјовски. Завршувајќи го свото прво обраќање тој нагласи дека Македонците во Република Албанија и Албанците во Република Македонија се мост на соработка и братство во македонско-албанските односи, врз основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност. Триесет и осум годишниот докторант на Институтот за национална историја во Скопје на седми септември на тртеот конгрс на партјата то се одржа во Трана едогласно беше избран за претседател на МАЕИ, каде до тогаш ја обавуваше функцијата генерален секретар.

Advertisement