Васил Стерјовски освои 381 гласови во Општина Пустец

Во општина Пустец, која е дел од изборна единица Корча на вчерашното гласање на парламентарните избори, Васил Стерјовски освои 381 гласови кој беше на кандидатската листа на Социјалситичката партија, но како кандидат на Макдонска алијаса за евопска интеграција.

На листата се 10 кандидати, поддршка дале 1052 граѓани, а најголем број гласови доби Васил Стерјовски или 381 глас, додека веднаш зад него е Илириан Пендавињи со 238 гласови.

Што се однесува до кандидатската листа на изборната коалиција „Алијаса за величествена Албанија“ предводена од Демократската партија гласале 460 граѓани од ова општина, а најмногу гласови или 98 добил Андреа Мано.

Бидејќи пребројувањето на гласовите на албанските избирачи од ова изборна единица е во тек, се уште не се знае дали Стерјовски го добил потребниот број гласови за да повторно стане дел од албанскиот законодавен дом. Тој е единствен кандидат македонец на отворените листи на овие избори, а пратеник беше во парлементот избран во 2017 година