Ветераните на армиите и безбедносните служби од Македонија, Албанија на манифестацијата „Езерска средба – Охрид 2019“

„Езерска средба – Охрид 2019”, која под покровителство на Општина Охрид, се одржа во организација на Здружението на ветераните од одбраната и безбедноста на Република Македонија, односно разгранокот за општините Охрид и Дебрца.

Од оваа година, средбите ќе имаат два дела: покрај во Охрид, ќе продолжат, на 18 мај, во Поградец и Корча, Република Албанија. Учествуваа високи претставници на здруженијата на ветерани од одбраната и безбедноста од нашата земја, Албанија и други соседни земји, како и градоначалниците од градовите кои гравитираат околу Охридското и Преспанското Езеро.

Првиот човек на македонското Здружение, генерал Филип Котели, информира дека се воспоставени први контакти за соработка и догодина ќе бидат поканети и претставници на сродните асоцијации од Грција и Унгарија, како и од земјите на поранешната југословенска заедница.

Централен настан, беше Свечената седница, на која говореа генерал Филип Котели, односно полковник Енвер Ајдари, во името на албанскиот Сојуз, како и претседателот на Општинската организација на  Здружението за Охриди и Дебрца, полковник Добре Вељаноски,

Покровителот на манифестацијата, Константин Георгиевски, со задоволство ја прифати иницијативата на претседателот на албанското здружение од Берат, Владимир Мема Охрид и Берат, вековната соработка, да ја крунисаат со потпишување на официјален акт за братимење.

Охридската организација истовремено ја прослави 11-годишната плодна активност, како една од најактивните и најмасовни општински организации, со членство од над 200 соработници, само од Охрид.

Нашата Општинска организација ја координира и насочува и работата на нашите колеги од општините Струга, Дебрца, Струга, Ресен, Дебар, Ростуше, Центар Жупа и Маврови Анови, а тесно соработуваме со колегите од Тетово, Битола, Ресен и Прилеп. Надвор од границите на нашата земја, тесно и врз основа на потпишани протоколи, соработуваме со сродните асоцијации од Албанија (Тирана, Пешкопеја, Елбасан, Поградец, Корча и Берат) како и Србија (Панчево и Врање) и други места, нагласи полковник Вељаноски.

Во рамките на манифестацијата, беа одржани и заеднички спортски натпревари, во дисциплините шах, пикадо, табла, пинг-понг и стрелаштво. Домаќините, за своите гости организираат разгледување на културно-историските знаменитости во старото градско јадро, прошетка со брод по Охридското Езеро, како и  посета на Хидробиолошкиот институт, како манифестација на на заедничката грижа на Охридското и Преспанското Езеро.

Во хотелот „Милениум Палас“, беше одржано импресивно заедничко другарување, веселба и свечен ручек. Гостите се веселеа заедно со фолклорната група „Охриѓанка“, додека посебно доживување беше настапот на малата Кетрин Коли, родена во Глазгов, Шкотска, а сега, со својата мајка – позната виолинистка со диплома од Кралскиот колеџ, Доминика Коли, живее во охридското село Климештани. На своето име и презиме, додала – Македонска.