Владата на Македонија и Албанија ќе одржат заедничката седница на 15 декември 2017 во Поградец

Владата на Република Македонија и на Република Албанија, ќе ја одржат заедничката меѓувладина седница на 15 декември 2017 во Поградец, Албанија. На седницата ќе се разговара на повеќе теми, со цел да се унапреди заемната билатерална активност и политичкиот дијалог за зајакнување на соработкатaа во сите сфери. Со оглед на меѓусебните заложби од регионалната соработка ориентирана кон Европската Унија, Берлинскиот процес, целите зацртани на Самитот на Јадранската повелба во Трст и создавањето на регионална економска зона, во фокусот на меѓувладината седница ќе биде унапредувањето на меѓусебната поврзаност и инфраструктура, олеснувањето на размената на стоки и услуги како и зајакнување на соработката во областа на безбедноста. Ова е прва заедничка меѓувладина седница помеѓу владите на Република Македонија и Република Албанија.

Advertisement