Во Албанија 10 лица заразени од корона вирус 

Бројот на заразените од корона вирусот се зголеми на 10 лица,потврди министертвото за здравство. Од појавата на корона вирусот тестирани се 114 сомнителни случаи, 10 се позитивни. Од нив двајца се заразиле во Италија, 6 во контакт со болните, додека двата нови случаи немаат никаква поврзаност со веќе заразените. Едно од заразените е во болницата во Драч.

Мерките што ги преземаме се задолжителен карантин, изјави заменик министерката за здравство, Мира Ракацоли. Таа ги советуваше албанските граѓани дека најдобро е да избегнуваат непотребни движења,односно излегувања од домовите, собири, кафулиња.

Присутна е паник,но и негрижа и невнимание во однесувањето. Граѓаните треба строго да ги почитуваат и применуваат препораките за хигиена, рече таа. Првите два случаи со „Ковид 19“ во Албанија беа потврдени во неделата навечер,синоќа беа потврдени четири а исто толку и денес

Advertisement