Во Албанија 51-но лице заразено со коронавирус 

Во Албанија потврден се 9 нови случаи на заразени со коронаврус,меѓу нив еден лекар и три медицински сестри, со што бројот се зголеми на 51-но лице. -Во последните 24 часа се тестирани 31-но сомнително лице,меѓу кои и здравствени работници. Позитивен е резултатот кај 9 од тестраните, меѓу нив еден лекар и три медицински сестри во болницата „Шефќет Нроќи“ каде што вчера беше потврден „Ковид-19“ кај двајца лекари. До сега тестирани се 563 лица при што потврдено е дека 51-но лице е заразено.

Од нив една жена од Драч на 11 март почина, рече Мира Ракацоли заменик министерка за здравство на редовната прес конференција. Најголем број од заразените или 34 лица се од Тирана, 6 од Фиер, 5 од Драч (заедно со починатата жена) по две лица од Љушња, Елбасан и Рогожина. Според Ракацоли тројца од пацинетите се на интензивна терапија,еден од нив е на респиратор, додека останатите пациенти,додаде Ракацели, засега се во стабилна состојба.

Го поторувам апелот до граѓаните, да ги почитуваат препораките, да седат дома, да не одат во посета на болни ниту во домашни услови ниту во болниците. Посебен апел до оние над 70-есет годишна возраст:Ве молам седете дома,-порача Ракацоли

Advertisement