Во Албанија 518 заразени од „Ковид-19“, 277 излекувани, 26 починати, тестирани 4827

Во Албанија регистарирана е уште една жртва од „Ковид-19,со што бројот на починатите од овој опасен вирус се зголеми на 26 лица. Како што информираше Силва Бино од Инситутот за јавно здравје, денеска во болницата „Шефќет Ндроќи“починала 64-годишна жена од Тирана, која во изминатите две недели била интубирана. Во последното деноноќие тестирани се 269 сомнителни случаи од кои 53 здравствени работници.Позитивен резултати е кај 24 од тестираните, од нив шесттмина здравствени работници. Споредено со вчера имаме пет случаи повеќе. Најголем број од новозарзаените се од Скадар или 12, додека за првпат еден случај е регистриран во Малакастра, рече Бино.

Според неа до сега во земјата тестирани се 4.827 сомнителни случаи и од нив дијагностицирани се 518. По градови најголем број заразени се во Тирана, 241, потоа во Скадар 83, Драч 42 лица и Фиер 35 лица. Од вкупната бројка на тестирани, над 800 се здравтсвени работници при што помалку од 9 отсто од тестираниот персонал е зарзен, а над половина од нив оздравеле. Посочи дека медицинскиот персонал е тестиран без прекин, извршени се над 800 тестови, за среќа, помалку од 9 отсто од тестираниот персонал е зарзен, а над половина од нив оздравеле. Во последното деноноќие 26 пациенти се оздравени или вкупно до сега битката со коронавирусот ја добиле 277 лица. Во моментот во Клиниката за инфективни болести и во болницата „Шефќет Ндроќи“ на лекување се 43 пациенти, од нив 10 се на интензивна терапија,додека тројца се интубирани.

Advertisement