Во Албанија 663 заразени од „Ковид-19“, 385 излекувани, 27 починати, тестирани 6509

Во последното деноноќие во Албанија регистрирани се нови 29 случаи со „Ковид-19“. Од нив 20 се во Тирана од кои пак 13 се затвореници од затворот „313“, соопшти Министерството за здравство и социјална заштита. Пред два дена во споменатиот затвор,кој се смета за еден од најбезбедните, бил потврден првиот случај на заболен од коронавирус. Затвореникот бил италијански државјанин осуден за недозволена трговија со дрога. „Во последните 24 часа тестирани се 240 сомнителни случаи, при што позитивен резултат има кај 29 од нив,меѓу кои 13 затвореници од затворот „313“ и еден здравствен работник. Во истиот временски период 29 пациенти се оздравени со што вкупната бројка се зголеми на 385 лица, стои во соопштението.

До сега во оваа земја направени се 6.509 тестови при што позитивни се 663 лица. Битката со опасниот вирус ја загубиле 27 лица. „Ве информираме дека во Инфективната клиника и болницата „Шефќет Ндроќи“ на лекување се 34 пациенти или шест пациенти помлаку споредено со вчера. Од нив осум се на интензивна терапија од кои четворица во тешка состојба,наведува министертвото. Во истото стои оцеката дека независно од дијагностицираните нови заболени состојбата е под контрола за што „ вистински показател е бројот на хоспитализирани, кој продолжува да биде стабилен“.