Во Албанија бројот на заразени од „Ковид-19“ се зголеми 223, излекувани 44, починати 11 лица

Во Албанја бројот на заразените од коронаврус се зголеми на 223 лица. До сега починати се 11 лица а излекувани се 44 лица. -Во последните 24 часа тестирани се 90 сомнителни случаи при што кај 11 од нив е дијагностициран „Ковид -19“.До денес тестирани се вкупно 1.526 сомнителни, од нив позитивни се 223 лица. Утрово, 79-годишен пациент од Тирана, почина во Инфективната клиника, во која беше хоспитализран 18 дена. Состојбата му беше подобрена но почина од срцев удар и тој е 11-та жртва од овој опасен вирус,соопшти Министерството за здравство и социјална заштита. Во Инфективната клиника моментно се 74 пациенти, од нив 7 се на интензивна терапија од кои четворица се интубирани.

Останатите засега се во стабилна состојба. Според местото на живеење најголем број од заразените се од Тирана или 124 лице,од Фиер 23, Корча и Драч по 14, Скадар 7, Валона, Елбасан, Лежа и Круја по 5, Љушња, Каваја и Тропоја по 4, Пук 3, Рогожина и Хас по два, Берат и Мердита по едно лице. Минстертвото упатува апел до граѓани да ги почитуваат мерките и препораките. „Ве молиме продолжете да седите дома бидејќи ова е единствениот начин на кој можеме да надминеме овој предизвик, апелра Мнстертвото.

Од денес во Албанија почна да се применува мерката со која на пензонерите,односно поворзасните лица целосно им се забранува излегување од дома а од секое семејство со посебна дозвола може да излегува само еден член во набавка на потребните продукти и лекови.