Во Албанија бројот на заразени со коронавирус се зголеми на 64 лица 

Расте бројот на заразени од коронаврус во Албанија, каде во последните 24 часа потврдени се нови пет случаи. Бројот на заразени од коронавирус во нашата земја се зголеми на 64,од вкупно 697 тестирани. Денес се регистрирани пет нови случаи, од кои тројца италијански државјани, две лица наши државјани на 80-сет и 42-ве годишна возрст. Во моментов, 32 пациенти се хоспитализирани во Инфективната болница во Тирана, изјави Албана Фицо,директорка на Институтот за јавно здравје. Додаде дека од вкупниот број 45 случаи во Тирана, 6 се во Фер, 5 во Драч и по два случаи во Љушња, Елбасан, Рогожина и Каваја.

Во Инфектвната клиника во Тирана се хоспитализирани 32-ва пациента, од кои тројца се на интензивна терапија но ниту еден од нив не е на респиратор. Сакам да ја информирам јавноста дека Министерството за здравство набави нова колична на дијагностички тестови за коронавирус. Апелирам до граѓаните на посебниот борј 127 да се јавуваат само доколку имаат одредени симптоми кои асоцираат на коронавирус,да седат дома и да ги почитуваат и другите препораки- порача Фицо.

Во Албанија до сега регистрирани се и два смртни случаи, една 73-ри годишна жена во Драч и 66-ест горишен маж од Љушња, кои биле хронични болни.