Во Албанија лани влегле околу милијарда евра странски инвестиции

Во годишниот извештај за 2016 година на Централната банка на Албанија, има раст странските компании во Албанија инвестирале 983 милиони евра или 10,5 отсто повеќе споредено со претходната година.

„Албанската економија доби два големи проекта во областа на енергетката, поточно Трансјадранскиот гасовод и каскадата на реката Девол, кои се во тек на реализација. Само во последното тримесечје инвестициите во секторот енергетика и гас беа 166,5 милиони евра, додека во вкупен износ во текот на годината влегле околу 370 милиони евра“, се наведува во извештајот на банката.

По енергијата, на второ место е индустријата на ископ, сектор што привлече многу странски инвестиции. Според податоци на банката, само во четвртото тримесечје странците инвестирале 55 милиони евра во овој сектор. Поконкретно станува збор за секторот нафта, поточно областа Патос-Маринез.

„За разлика од она што се случи во другите земји од регионот, во Албанија странските инвестиции забележаа позитивен тек, независно од кризата“,констатира тиранската телевизија Топ чанел.

Во моментов странските инвестиции изнесуваат 10 отсто од БДП и даваат голе придонес во зголемување на вработеноста во земјата.