
Во Албанија, во текот на вчерашниот ден вакцина против Ковид-19 примиле 8.159 или вкупно до сега 725.135 лица, информираше министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу. Додаде дека со пристигнувањето на новата пратка од 60.000 вакцини од Синовак, со што се надмина десетневниот проблем со недостиг на вакцина од оваа компанија, веќе вакцинираните со прва, почнаа да ја примаат втората доза од вакцина.
До крајот на овој и почетокот на следниот месец, очекуваме 40.000 илјади од Астра Зенека. Исто така од Синовак, преку турскиот дистрибутер, од каде според новиот договор треба да добиеме 500.000 дози, рече Манастирлиу. Во меѓувреме во земјата, според последно соопштенте податоци, регистрирана е најмала бројка на нови случаи со Ковид-19 во едно деноноќие.
Од направените 2.020 тестирања, опасниот вирус е дијагностициран само кај 6 лица, при што за првпат нема нов случај во Тирана, која во целиот период на пандемијата беше главно жариште на болеста. Во последното деноноќие починало само едно лице, а болнички се лекуваат 57 пациенти, информраше министерството.
Од почетокот на пандемијата во земјата направени се 700.270 тестирања, позитивен резултат е добиен кај 132.215, оздравеле 128.826, почнале 2.445 додека активни на болеста се 944 лица. И покрај стабилната епидемиолошка состојба во земјата се уште во сила е мерката за забрана за движење од 22:00 до 5 часот, воведена во ноември минатата година.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden