Во Германија секоја петта компанија се плаши дека ќе пропадне. Информацијата ја објави престижниот Институт Ифо со седиште во Минхен, а стравот е присутен поради пандемијата. Страв од затворање постои во секторот услуги, каде што 27 проценти од претприемачите оценуваат дека нивниот понатамошен бизнис е под голем прашалник, пренесува Сеебиз.еу. Во услужниот сектор, најнесигурни се тур-операторите (85 проценти од испитаниците), хотелите (76 проценти) и рестораните каде 67 проценти од претприемачите не ја исклучуваат можноста за затворање.
Малку помала неизвесност има во секторот трговија (21 процент од анкетираните компании стравуваат од прекинување), а најмал страв од ефектите на коронавирусот врз економијата има во градежниот сектор, каде што само два отсто од претприемачите се сомневаат во понатамошниот бизнис. Ифо укажува на високата неизвесност што владее во креативната и забавната индустрија, каде 55 отсто од компаниите и самостојни уметници и професионалци ја остваат отворена можноста за затворање заради коронавирус.
Масовни отпуштања од работа бројот на невработени да достигне 5 милиони, или 10 отсто невработеност. До јуни во биро за вработување се пријавиле скоро 3 милиони невработени. Според актуелните податоци, во германското биро за вработување се пријавила 2.853.000 невработени. Поради пандемијата Германија влезе во рецесија, а за да го ублажи ударот земјата се задолжува. Растот на бројот на невработени е закана за економијата. Германија има скоро 200.00 заразени, а починаа над 9.000 луѓе од коронавирусот.