
Рускиот тим за одговор на коронавирус составен од медицински експерти и специјалисти на руското Министерство за одбрана денеска во конвој се упатија од италијанската воздухопловна база Пратика ди Маре кон Бергамо.
Градот Бергамо на северот на Италија е еден од најтешко погодените градови од КОВИД-19, а руските тимови ќе помогнат во борбата против ширењето на пандемијата. Според руското МО, 22 специјални камиони и автобуси ќе возат 600 километри до крајната дестинација во регионот Ломбардија.
Специјалистите ќе донесат опрема неопходна за дијагностицирање и дезинфекција. Петнаесет авиони на Ил-76 на руските воздушни сили со воени специјалисти и опрема пристигнаа досега во Италија за да помогнат во борбата против пандемијата на коронавирус.
Италија е најтешко погодена во Европа од појавата на КОВИД-19, со скоро 70.000 потврдени случаи и повеќе од 6820 смртни случаи .
https://www.youtube.com/watch?time_continue=56&v=GvOUuhaM4bM&feature=emb_title
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden