Во Корча на 27 декември 2018 година научен симпозиум посветен на “Животот и литературното дело на Стерјо Спасе”

Македонското друштво “Сонце” од Корча во соработка со Универзитетот “Фан Ноли” во Корча, на 27 декември 2018 година, со почеток во 11.00 часот, во конференциската сала при Земјоделскиот факултет во Корча, организира научен симпозиум посветен на “Животот и литературното дело на Стерјо Спасе”. На научниот симпозиум со свои трудови ќе учествуваат научници од Албанија и Македонија. Исто така, на научниот симпозиум ќе присуствува и претседателот на Република Албанија, г-дин Илир Мета кој на членовите на семејството на Стерјо Спасе ќе им го додели признанието “Витез на редот на знамето” за Стерјо Спасе. Со организирање на овој научен симпозиум сакаме да го чествуваме и почитуваме, колосот на албанската модерна литература, Стерјо Спасе, кој никогаш не го криеше своето македонско потекло. Стерјо Спасе, со делата што ги остави зад себе, направи истовремено да се чувствуваат горди албанскиот и македонскиот народ, за што треба да му бидеме многу благодарни.

Advertisement