За само осум години од основањето, едукативно-технолошката организација Бреинстер (Brainster) од стартап успеа да влезе во друштвото на најдобрите 0,7% компании во Македонија. Со раст од речиси 100% во последните две години, Бреинстер цврсто се позиционира како лидер на македонскиот пазар, кога се во прашање образовните организации.
Основачот Петар Ниновски, по повод осмиот роденден на Бреинстер, открива како организацијата обезбедува најдобра понуда на образование, соодветно на потребите на ИТ-индустријата. Тој вели дека „она што го издвојува Бреинстер од конкуренцијата се иновативните програми и постојаниот стремеж за подобрување, што е препознаено и од студентите и од партнерите што ја вреднуваат автентичноста“.
Спротивно на тоа, како што вели Ниновски, се забележува дека голем дел од конкуренцијата има тенденција да биде во дефанзива, често имитирајќи ги најдобрите практики и стандарди што ги воспоставува Бреинстер.
„Ние во Бреинстер секогаш гледаме напред, предвидувајќи ги потребите на пазарот и поставуваме трендови наместо само да ги следиме. Токму овој напреден пристап е тоа што навистина нè издвојува и го обезбедува нашето континуирано лидерство во индустријата. Бреинстер се разликува од другите и со: уникатниот спој на формално и неформално образование, тимот „Партнерства“ кој им обезбедува на студенти од нашите академии и факултет учење преку работа на реални проекти и поддршка при вработување во домашни и интернационални компании, сектор Student Success кој се грижи за прогресот и уникатниот тим за иновации. Бреинстер е предводник и со тоа што нашите академии се единствените кои се сертифицирани од акредитирана високообразовна институција – Бреинстер Некст колеџ“, вели Ниновски.
Ваквиот пристап во работата на Бреинстер му донесе и успешни резултати. Конкретно, Бреинстер е број еден образовен центар во Македонија за 2021, 2022, и тековната 2023 година, според искуството на студентите. Досега низ иновативните образовни програми на оваа организација поминале повеќе од 11.500 студенти, кои успеаја да се здобијат со вештини за најбараните професии на 21 век. Бреинстер има големи успеси и во делот на вработување на своите студенти. Имено, само во изминатите две и пол години има 734 вработени алумни.
Eдна од позначајните и понови достигнувања на Бреинстер е и акредитацијата на втората студиска програма на првиот практичен ИТ-факултет – Бреинстер Некст колеџ за UX/UI и графички дизајн, која заедно со студиската програма за Софтверско инженерство и иновации носат новина во формалното образование. За факултетот Бреинстер ја нуди и уникатната финансиска поволност „Студирај сега, плаќај по вработување“.
Следејќи ги најновите потреби на пазарот на трудот Бреинстер продолжи да инвестира во отворање нови програми кои на студентите ќе им дадат можност да одговорат на предизвиците на иднината и да стекнат сигурно и одлично платено вработување. Од оваа година стартува и Академијата за лидерство и менаџмент, за која нуди стипендии и финансиска поддршка за поттикнување на учеството на младите и на жените во ИТ-индустријата.
Успешната приказна се дополнува со проширувањето на Бреинстер во Албанија, каде што првично ја нуди Академијата за Front-End програмирање.
За сите овие успешни проекти е заслужен тимот на Бреинстер, кој безрезервно работи на иновирање, континуирано подобрување на продуктите, интерните процеси и услуги, а секогаш во главниот фокус ги има: задоволството на студентите, инструкторите, професорите и соработниците од индустријата.
„Индикатори како задоволството и успехот на студентите, бројот на вработени студенти, репутацијата на Бреинстер и Бреинстер Некст колеџот и квалитетот на програмите и инструкторите ги мериме редовно и постојано ги подобруваме. Како нус-производ на многу години фокусирано работење на најважните индикатори (ние ги нарекуваме Success Factors) влегуваме во друштвото на најдобрите 0,7% компании во Македонија“, вели Ниновски.
Посочува дека Бреинстер и Бреинстер Некст колеџ остануваат верни на својата мисија и визија, да инвестираат во своите луѓе, да прифаќаат агилни принципи, да споделуваат информации, да поддржуваат инклузивно носење одлуки и да создаваат култура на транспарентност, што води кон успех.
„Горди сме на нашиот напредок во изминатите години, остануваме посветени на континуирано подобрување со една мисла на ум – како да им обезбедиме уште поголема вредност на нашите студенти“, завршува Ниновски.