
Министерсвото за здравство на Македонија соопшти дека се потврдени седум нови случаи на лица заболени од коронавирус (Ковид-19) со што вкупната бројка на заболени од овој вирус се искачи на 42. Според објавата на официјалниот профил на социјалните мрежи на Министерството за здравство на Македонија „од 38 тестирани позитивни на коронавирус се 7 лица, 3 од Дебар и 4 од Скопје.”
„Во текот на денешниот ден се регистрирани вкупно 11 нови случаи на коронавирус. Со ова, бројката на заболени од вирусот во земјата изнесува 42. Состојбата на сите пациенти е стабилна. Двајца од заболените имаат средно изразена пневмонија”, се вели во објавата на министерството.
Како што се наведува во објавата, во моментов се работат уште 22 теста и тие се во рамките на скринингот. За резултатите од овие тестови Министерството за здравство ќе информира во текот на утрешниот ден. Потсетуваме, претседателот на Македонија Стево Пендаровски во своето обраќање до јавноста вечерва прогласи вонредна состојба на територијата на целата држава, со цел борбата против ширењето на коронавирусот.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden