Во Мала Преспа само 15 првачиња

Новата учебна 2019/2020 година денеска почна и за основците и средношколците во општина Пустец, област Мала Преспа. На почетокот на учебната година со учениците во Пустец беше градоначалникот Пали Колефски кој им посака среќен почеток и многу успех во совладувањето на наставните единици. Вам драги ученици и на вашите наставници ви посакувам среќен почеток и успешна учебна година. Во рамки на напорите за создавање што подобри услови за нормално одвивање на наставно-воспитниот процес многу набрзо ќе бидат финалзирани работите за реконстркција на средното училиште, со што ќе се создадат многу подобри услови. – Колефски.

Во изјава за Македонски весник “Илинден” тој рече дека во новата учебна година на ниво на основно и средно образование запишани се 155 ученици. Од вкупниот број, 125 се ученици во основните училишта, додека 30 во гимназијата во Пустец. Во општината во ученичка клупа за првпат седнаа вкупно 15 првачиња, што е речиси на исто ниво како и минатата учебна година. За жал, во оваа учебна година не е запишано ни едно прваче во училиштата во селата Леска и Долна Горица,- изјави Колефски. Општина Пустец е наоѓа во јужниот дел на областа Мала Преспа каде на брегот на Преспанско Езеро се распослани девет населени места.

Advertisement