Во Нови Сад трилатерална средба Заев – Рама – Вучиќ

Во Нови Сад, утринава почна трилатералната средба на Србија, Албанија и Македонија а српскиот претесдател Александар Вучиќ е домаќин на премиерите на двете земји Еди Рама и Еди Рама на самитот чија главна тема ќе биде подобро поврзување на пазарите во регионот и предлогот на српскиот претседтаел за воспоставување на „мал Шенген“.

На средбата, на Офицерскиот павилјон на Петроварадинската тврдина, фокусот ќе биде ставен на регионалната соработка и економската интеграција, отстранување на бариерите за бизнис и слободниот проток на стоки, луѓе и услуги во трите држави чиј пазар е 20 милиони луѓе.

Заев и Рама вчера допатуваа во Србија, а синоќа со домаќините Вучиќ и Брнабиќ прошетаа низ новосадските улици. При таа прилика Вучиќ за трите земји порача дека оваа средба значи многу. Среќен сум што почнавме да се грижиме за себе и што не мораме да имаме тутор, да можеме вака, со музика во Нови Сад да се договораме за подобра иднина за нашите работници, нашите селани, и пред се за нашите млади да останат во нашите земји-наведе Вучиќ.

Вучиќ, Рама и Заев веќе разговарале за состанокот неформално за време на Генералното собрание на ООН во Њујорк во септември, а српскиот претседател тогаш објави дека ќе бидат направени планови во Нови Сад за поврзување на пазарите во регионот, или за создавање на еден вид „мал шенген“. Целта е да се оди чекор напред во однос на ЦЕФТА договорот, кој е доведен во прашање откако Приштина воведе такси на производите од централна Србија и БиХ.

Досегашните искуства имено , покажале дека камиони со производи на граничните премини помеѓу земјите од регионот чекаат подолго од 20 часа. Економистите очекуваат дека со воспоставување на „мал Шенген“ на Западен Балкан, компаниите од цел регион би добиле поголем регионален, заеднички пазар со скоро 20 милиони потрошувачи. Иницијативата ја поздравија регионалните комори на сите земји од Западен Балкани, кои собираат повеќе од 350 000 компании.

Advertisement