Во островот Мал Град во Општина Пустец се одржа „Фестивалот на пријатели“ Пријатели на Преспа (ФОТО)

Денес во пештерската црква „Света Богородица“ на островот Мал Град, кај Пустец, Мала Преспа се одржа „Фестивал на пријатели“ Пријатели на Преспа со учество на светски позната сопранистка Инва Мула. Фестивалот се одржа на островот Мал Град, овој остров има антички цркви. Црквата „Света Богородица“ која претставува еден од вредните споменици на културното наследство е изградена во пештера, во 1345 година. Фестивалот се одржа со цел да се промовираат културните, туристичките вредности и природните убавини на преспанскиот регион. Општина Пустец им се заблагодарува на Проектот за прекугранични резерви на Преспа, АКЗМ и АДЗМ Корча за организацијата. Областа Мала Преспа нуди многу различен вид туризам. Интересна дестинациа, неистражена природа и со традиционални македонски јадења. Во областа Мала Преспа живеат околу 5 700 жители, сите од македонско етничко потекло и со православна христијанска вероисповед.