Во Пустец семинар по македонски јазик за сите просветни работници


Во рамки на напорите на општината за поквалитетна настава и познавање на македонскиот литературен јазин, во Пустец, Мала Преспа се одржува неколкудневен семинар со просветниот кадар од општината. За таа цел во Пустец престојуваат професори од Институтот за македонски јазик, предводени од директорката Елена Јованова-Грујевска. На првиот ден заедно со нив беше амбасадорот на Република  Македонија во Тирана, Дончо Марковски и градоначалникот на пустец Едмонд Темелко.

Амбасадорот Марковски меѓу другото го нагласи значењето на македонскиот јазик и посака Пустец да биде бастион на изучувањето на македонскиот јазик, од каде треба да се прошири и во другите места низ Албанија  каде што живеат Македонци.

Градоначалникот Темелко, пак, посакал вакви и слични активности кои значат многу за зачувувањето на македонскиот национален идентитет, култура и историја ќе продолжат и во иднина. Просветните работници ќе добијат сертификат за усовршување на македонскиот јазик. Во општина Пустец фунционираат две деветолетки со подрачни училишта, како и гимназија.