Во Тирана поставена биста на папата Павле Втори

По повод 25 годишнината од неговата посета на Албанија, 400-годишнината од изборот на прв пата, кој не е Италијанец и 100 години од независноста на Полска, во албанската метропола поставена е биста на папата Павле Втори. Бистата која се наоѓа на плоштадот зад Конгресната палата, беше откриена во присуство на градноначалникот Ерион Велиај, полскиот амбасадор во Тирана, висок претставник на католичката црква на Албанија, како и голем број верници. Во своето обраќање, првиот човек на Тирана, Велиај изјави  дека споменикот се приклучува кон многуте вредности на Тирана, како симбол на човек, кој остави траги во животот на Католичката црква, далеку од нетолеранцијата и национализмите, кој одигра огромна улога во отворањето и издигнувањето на црквата во сите поранешни комунистички земји, меѓу кои и во Албанија. Тој зборуваше и за верската хармонија по која е препознатлива Албанија, а за посетата на папата Павле Втори истакна дека му дала надеж на народот, кој само што излегол од диктатурата.

Со неговата посета во 1993 година тој му даде надеж на целиот албански народ, додека посетата во 2014 година на папата Франциско, кој кога зборува за нашата земја вели: „Албанија има една многу убава карактеристика, која ми причинува огромно задоволство. Се повикувам на верската блискост, врските што постојат помеѓу припадниците на различните религии во вашата земја. Взаемна доверба помеѓу католиците, православните и муслиманите е непроценлив подарок за вашата земја“, е потврда на верската хармонија што постои во нашата земја, посочи Велиај. Тој најави дека во соработка со други институции ќе беше објавен конкурс за избор на најдобро дело кое ќе биде посветено на споменот на жртвите од комунизмот, што ќе биде  со порака „никогаш да не се повтори ниту во Тирана ниту во цела Албанија“.

Advertisement