Со учество на министрите за внатрешни работи на 26 земји од ЕУ и Западен Балкан попладнево, во Конгресната палата во Тирана, се одржува Конференцијата во рамки на Берлинскиот процес на која се дебатира за зголемување на соработката во борбата против организираниот и кибер криминалот.
Отворајќи го овој, како што го оцени многу значаен настан, албанскиот министерот за внатрешни работи, Таулант Бала, наброја повеќе теми на кои ќе се разговара на оваа средба, меѓу кои и кибер безбедноста.
При тоа, тој ги потенцираше кибер нападите што ги претрпе Албанија, посебно во втората половина на минатата година, и им се заблагодари на сојузничките земји за моменталната реакција да и помогнат на неговата земја.
-Многу е важно земјите од ЕУ и земјите кандидати да имаат поблиска соработка на ова поле и да бидат обединети. Албанија е сведок на страшни кибер-безбедносни напади. Им благодарам на партнерите за нивниот брз одговор. Време е да ги зајакнете линиите на комуникација. Ние сме на пат кој бара цврста посветеност. Остануваме обединети во сериозни напори за посигурна иднина на Западен Балкан и Европската Унија, рече Бала.
Тој ја повика ЕУ „да работи понапорно за да ги обезбеди границите и да го зајакне имиграцискиот систем“
-Албанија е погодена од имигрантските текови. Во 2022 година кај нас се приведени 8.835 илегални имигранти. Има зголемување на бројките дури и во 2023 година. Ве охрабрувам да имате поефикасна размена на информации, апелираше тој.
Нашиот напор кон членство во ЕУ, посочи тој „е светилникот што не води“ и побара поголема соработка меѓу земјите“.
Конференцијата на миниситерите за внатрешни работи во рамки на Берлинскиот процес првпат се одржува во Тирана, каде на 18 идниот месец ќе се одржи следниот самит на Берлинскиот процес.