Во Тирана се потпиша договор за соработка меѓу Владата на Македонија и Албанија за развој на инфраструктурни проекти

Потпретседателот на Владата за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денес во Тирана потпиша договор за соработка меѓу Владата на Македонија и Владата на Албанија за развој на инфраструктурни проекти, логистичка безбедност и ефикасност на транспортот на стоки меѓу двете земји.

Според Груби, овој проект ги надминува димензиите на национален проект и е од стратешко значење за развојот на Западен Балкан, а со него се предвидува изградба на автопат со 6 ленти од Скопје до Ќафасан, со што растојанието помеѓу Скопје и Тирана ќе се намали на 2,5 часа,а меѓу Скопје и Валона на 3 часа.

За максимално искористување на пристапот до пристаништето, планираме да ја започнеме и железничката врска Скопје – Кичево – Поградец – Драч. Во јануари ги спојуваме двете гранични контроли во една, со цел конечно да ги отстраниме границите меѓу нас. Ја градиме и интерконективната енергетска врска меѓу нас со два проекта, трафостаница во Охрид и високонапонска врска Битола-Елбасан.

Тој додаде дека со премиерот Рама на заедничката седница меѓу нашите две влади било разговарано и за изградбата на суво пристаниште во градот Струга, нова и креативна димензија на комуникација која е придонесе за зајакнување на трговската размена меѓу двете земји и е составен дел од изградбата на новото пристаниште Драч.

Advertisement