Во вооружен инцидент повреден обвинителот на Драч

Три лица, меѓу кои и обвинителот на Драч, Арјан Ндоја, се повредени доцна попладнево, откако неидентификувани напаѓачи,во близна на градот, кај надвозникот во Шкозен, пукале во возило кое се движело од Драч кон Тирана. Според албанските медуми во возилото во кое бил обнителот било пукано од возило во движење марка „мерцедес бенц“. Полицијата постави контролни пунктови на неколку места на плажите во Драч и интензивно ги бара напаѓачите. Откако во градот престојуваа висок полициски раководители вклучена е специјлната единица „Ренеа“.

Двете други лица ,кои биле во возилото со обвинителот и се познати на полцијата како лица од криминалниот свет. Арјан Твани, лекар од ургентниот центар во регионалната болница во Драч, за телевизијата Њуз 24 изјави дека Ндоја има фрактура во пределот на рамото и оти е вон животна опасност. Едниот од повредените поради тешката состојба е префрлен во Тирана, додекадругиот кој има повреди во пределот на главата по оперативниот зафат сеуште е во загржувачка здравствена состојба

Advertisement