Во земјотресот во Албанија нема повредени македонски државјани

Од албанската полиција за Македонски весник “Илинден” велат дека засега немаат податоци за повредени или евентуално загинати македонски државјани. Сепак нагласуваат дека се уште е рано за да добија официјални податоци. Бројот на загинати во силниот земјотрес којшто ја погоди утрината Албанија постојано расте, засега официјалната бројка изнесува 15 загинати. Итните служби и армијата постојано извлекуваат тела на настрадани од под урнатините. Потрагата по преживеани продолжува.