Воена вежба Кина и Русија на Балтичко море

Кинеската морнаричка флота се упати кон Балтичкото море , за да учествува на заедничката воена вежба со Русија. Кон овој регион биле упатени три бојни бродови , предводени од кинески разурнувач, вонепосредна близина каде воена вежба изведуваше морнарицата од земјите на НАТО алијансата.

Како што се наведува, кинеските борбени морнарички сили треба да се сретнат со руските воени бродови за планираната вежба во близина на Санкт Петерзбург и Калининград. На вежбата која треба да започне кон крајот на јули, учество ќе земат и елитните кинески маринци и најновиот тип на борбени хеликотпери.. Целта на руско кинеската заедничка воена вежба е да се унапреди кинеско – руското стратешко пријателство и продлабочи практичнмата борбена сорабтока на девете армии.. Од друга страна , и силите на НАТО ги одржаа првите “ воени игри “ во регионот, со фокусот на одбраната на “ Сувалки преминот “, коридор кој е критичен за безбедноста на балтичките сопјузници , Литванија Летонија и Естонија.

Инаку, тесниот појас кој е лоциран на полско – литванската граница, се наоѓа во “ сендвич “помеѓу руската милитаризирана енклава Калининград и Белорусија, која се смета за голем сојузник на Русија. Воените стратези предупредуваат дека тоа е Ахиулова пета на источните граници на НАТО, бидејки неговото одземање од страна на Русија, би можело целосно да ги одсече трите сојуззници и балтички Нато членки Литванија Летонија и Естонија .