Забрзува економското заздравување во еврозоната

 

Економското заздравување во еврозоната забрзува, а некои податоци покажуваат силна стапка на раст во првиот квартал, балансирањето на кинеската економија и новата политика на САД, кои ги поматуваат изгледите, соопшти Европската централна банка (ЕЦБ). Најновите податоци, претежно резултати од истражувања, ја зголемија увереноста на Управниот одбор на ЕЦБ дека моменталниот економски раст ќе продолжи да зајакнува и да се шири.

Светската трговија, која има клучен придонес за растот, исто така, изгледа зема замав и се очекува, и покрај силната протекционистичка реторика од Вашингтон, таа да оствари раст во склад со растот на глобалната економија. ЕЦБ исто така, предупредува дека и покрај забрзувањето на растот, зајакнувањето на инфлацијата ќе биде помало во позадината на очекуваните стабилни цени на нафтата. Неизвесноста сепак останува зголемена, особено поради нејасната политика на новата администрација во САД, позната како „Америка на прво место“, и нејзиното влијание врз остатокот од светот.

Advertisement