Засилено обезбедување на Еди Рама по заканите по неговиот живот

Засилено е обезбедувањето околу домот на премиер Еди Рама и ограненичено му е движењето во јавноста, по јавно упатената закана од мајката на Констандинос Кацифас дека ќе ја одмазди крвта на синот. Мајката на Кацифас, кој беше убиен во престрелка со полицијата, на 40-дневниот помен одржан вчера во родното село Буларат, пред гробот на синот вети дека ќе одмазди.

Ќе го убијам Еди Рама. Ми го зеде мојот хрој. Јас ќе ја платам крвта на син ми, порача мајката на Кацифас.

Министерството за внатрешни работи, републичката Гарда и тајна служба ШИШ, ја зголемија стражаската служба кај куќата на премиерот Рама во Сурел и го ограничија неговото јавно движење, се до друга наредба. Тројно е зголемено обезбедувањето од придружбата на Рама. Сомневајќи се дека ултранационалистичките грчки кругови можат да помогнат во ова сценарио, албанските тајни служби поставија агенти за контрола на движењето на мајката на Кацифас.