Збирка стихови „Говорт на пролетта„ на Арјан Калчо и на Македонски јазик

Неодамна излезе од печат новата четиријазична збирка стихови на албанскиот поет и професор на Универзитетот во Корча, Арјан Калчо. „Говорт на пролетта„ беше насловот што го одбрав за македонската верзија на неговите единаесет поеми посветени на пролетта, од мигот на нејзиното будење до раѓањето на летото. Единаесет вдахновени стихови од првите пупења на дрвјата, до првиот црцор на птиците што повторно се враќаат од југот, од блесокот на месечината и небото од кое исчезнува сивилото од облаците, боејќи се со нијансите на пролетните синила.

Будните сетила на поетот  внимаетлно го следат овој нијансиран говор на обновувањето на природата, секоја промена, секој најмал шепот на лисјата, првите петелки на цутовите  што тој преку одбраните компонирани стихови ги маетерјализира во своите поеми/зкони каде повторно се велича љубовта – кон животот, кон мајката природа, кон саканата жена, кон сето она што го опкружува. Поезија која го заслужува вниманието на сите оние „Во чија душа секогаш пребива пролетта„ како што ќе изјави самиот поет восвојата  воведна посвета на збирката.

Иако се работи за превод од илијански на макдеонски јазик, каде италијанската верзија е подготвена од самиот автор, сметам дека убавината на овие стихови ништо не е намлаена со овој двоен превод и дека стиховите ќе можат еднакво добро да се следат и да се доживеат и на македонски јазик./Билјана З.Билјановска

Advertisement