Земјотрес од 4,7 степени регистриран во Албанија

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала вечерва околу 20 часот и 27 минути бил регистриран во Албанија. Епицентарот на земјотесот бил на околу 30 километри северо-западно од Ѓирокастро, и на околу 13 километри од Химара, јужна Албанија. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри. Министерството за одбрана преку соопштение информира земјотресот предизвика материјална штета, четри куќи се оштетени во село Куч, повредени лица нема.

 

Advertisement