Земјотрес од 7,4 степени ја погоди Русија

Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди полуостровот Камчатка, на истокот на Русија. Како што јавија локалните медиуми, издадено е предупредување за цунами. Потресот се случил на длабочина од 33 километри во Берингово Море, со епицентар на 80 километри источно од брегот на Камчатка. Најблиско населено место до епицентарот е селото Николскоје. Засега нема информации за жртви или материјална штета.